Announcements

Еднодневна теренска настава во Солун, Грција

На 26.06.2026 година беше организирана еднодневна теренска настава во Солун, Грција, за група студенти од прв и втор циклус студии на Градежниот факултет Скопје. Посетата беше организирана со поддршка на ТИТАН Усје. Најпрво беше посетена фабриката за бетон ТИТАН Ефкарпија, каде што претставници на ТИТАН одржаа презентација за производствените процеси, современите достигнувања во технологијата на бетонот, принципите на одржливост во секторот, како и улогата на иновациите во цементната индустрија. Посетата продолжи во ИНТЕРБЕТОН, каде што на студентите им беше презентиран процесот на производство на готов бетон што се користи за изградба на новата обиколница во Солун – т.н. Flyover проект, кој претставува еден од најголемите инфраструктурни проекти во Грција. На крајот, студентите ги посетија градежните активности на обиколницата, при што беа запознаени со концептот и методологијата на изградба на импозантните мостовски конструкции во рамки на проектот. Тие имаа исклучителна можност одблизу да проследат како се гради армиранобетонски мост со примена на методот на подвижна скела. Искрена благодарност до ТИТАН Усје за одличната организација и за континуираната поддршка на нашите студенти – идните градежни инженери во нивниот професионален развој.