Повикано предавање на проф. д-р Рудигер Хофер

Date

Monday 29. December 2025
At 12:00

Градежниот факултет Скопје има огромна чест да најави две повикани предавања во живо од реномирани професори од Факултетот за градежништво и животна средина при Рур Универзитетот во Бохум, Германија.


Проф. д-р Рудигер Хофер,
раководител на Катедрата за ветерно инженерство и механика на флуиди, во рамките на предметите Динамика на конструкции и Дејства на конструкции на втор циклус на студии, ќе одржи предавање на тема „Ефектите од ветерот врз современите конструкции“ со посебен фокус на аспектите опфатени во новата верзија од релевантните Еврокодови. Професорот Хофер е експерт од областа на ветерното инженерство и член на релевантни европски тела за креирање и ревизија на европските прописи од областа.

Време: 29.12.25 (понеделник) 12:00ч

Место:  Училна 3 (Едукативен центар „Знаење +“, 2 кат, Северно крило)