Бизнис ден на ГФ
Location
АМФИТЕАТАРОТ при Градежениот факултет во Скопје
Date
„Од амфитеатар до реализација: Професионални патеки и менаџерски искуства“ На 26.5.2026 год. во 12:00 часот во Амфитеатарот ќе се одржи Бизнис ден на ГФ. Настанот има за цел да создаде синергија меѓу академската заедница и водечките лидери во градежниот сектор. Настанот е конципиран како платформа каде најистакнатите менаџери и експерти ги презентираат своите развојни патеки, со цел мотивирање и стратешко насочување на идните градежни инженери од сите три циклуси на студии на ГФ. Целта на ова предавање е на идните градежни инженери, да им се презентираат професионалниот пат и стекнати професионални искуства во нивниот развоен пат, со временски пресек од дипломирање, преку нивниот професионален развој, па се до денешните лидерски позиции.
Панелистите низ своите презентации ќе го опфатат целиот спектар на професионалното делување:
нивните кариери на едукација
професионално работење
претставување на компанијата каде работат
нивниот начин на менаџирање со компанијата
начинот на менаџирање со персоналниот капацитет
предлози за полесна адаптација на младите инженери „од клупа на објект“
каков профил на кадар недостасува во нивната компанија
предлог работи на кои да посветат поголемо внимание
нивната визија за претприемништво.
Зошто треба да присуствувате?
• Директни совети: Како најлесно да се адаптирате „од клупа на објект“.
• Кариерно советување: Какви профили на инженери бараат моментално најголемите компании?
• Вмрежување: По и официјалниот дел, на предвидениот коктел ќе имате прилика за неформален разговор со Топ менаџерите.
• Информации од прва рака: Во холот на Факултетот ќе бидат поставени штандови со промотивни материјали од компаниите.
