Одбрана на магистерска, Марко Маркоски
Локација
Салата за состаноци при Градежен факултет во Скопје
Датум
Деканатот на Градежниот факултет има особена чест и задоволство да Ве покани на предавањето на визитинг професорот Carlos Brebbia, во организација на Градежниот факултет и Комората на ОАИ, на ден 24.11.2016 год. (четврток), со почеток во 15:30 часот. За просторијата ќе добиете дополнително известување, во зависност од бројот на заинтересирани учесници (амфитеатар на ГФ или сала во КОАИ).
Професорот Carlos Brebbia е директор на Wessex Institute of Technology, во Велика Британија. Во светот е познат како креатор на Boundary Element Method (методата на гранични елементи), нумеричка техника за решавање на многу проблеми во инженерството. Автор е на огромен број научни трудови. Се јавува како автор или коавтор на 14 технички книги, и издавач на повеќе од 400 книги.
Интересите на професорот се протегаат од анализа на сложени конструкции, како што се лушпестите конструкции) до моделирање на проблеми од животната средина, користејќи различни видови на методологии.
Подетални информации за професорот Carlos Brebbia може да се најдат во неговата биографија, која ја испраќам во прилог.
Предавањето на професорот е насловено „BEM from theory to reality” (Методата на гранични елементи од теорија до реалност) и е отворено за членовите на Комората за ОАИ (особено одделението за градежништво и машинство), како и за заинтересираните студенти на вториот и третиот циклус на Градежниот факултет.
Предавањето ќе се состои од:
– Вовед за Wessex Institute of Technology (http://www.wessex.ac.uk)
– Развојот на методите на гранични елементи
– Компјутерски програм BEASY (http://www.beasy.com)
Ве очекуваме со своето присуство да го збогатите овој настан!