Announcements

Од клупата до градилиште!

Наши студенти на пракса на проектот за коридор 8 и коридор 10Д, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата. На средба со раководството на проектот ги споделија искуствата: како теоријата од предавањата се среќава со реалното градилиште и колку вредат ваквите искуства уште пред магистерските студии.

Активноста им овозможува на студентите директно да го применуваат знаењето во реални услови и да ја согледаат вистинската работа на градежниот инженер.