Отворен е едукативно-истражувачкиот центар „ЗНАЕЊЕ + / CO₂“ на Градежниот факултет при УКИМ
На Градежниот факултет при УКИМ го отворивме новиот едукативен и истражувачки центар „ЗНАЕЊЕ + / CO₂“ – современ хаб посветен на одржливо градење, иновации и намалување на CO₂ емисиите.
Овој центар е резултат на силно партнерство меѓу Градежниот факултет и ТИТАН – УСЈЕ, со заедничка визија за зелена транзиција и развој на кадар подготвен за предизвиците на иднината.
Центарот ќе овозможи современа настава, истражувања, специјализирани обуки и практична соработка со индустријата – вистински чекор напред кон одржливо градежништво и усогласување со европските климатски цели.
Голема благодарност до УКИМ и до ТИТАН – УСЈЕ за поддршката и визијата.
Горди сме што создадовме простор каде знаењето, иновациите и одржливоста се спојуваат во една цел – подобра и позелена иднина.



