Соопштенија

Свечен прв час – 3.10.2022 (понеделник)

 

Почитувани колешки и колеги

нови студенти на Градежниот факултет

 

Ве информираме дека Свечениот прв час со кој ќе се одбележи Вашето отпочнување со студии

на Градежниот факултет УКИМ во Скопје ќе се одржи во

Амфитеатарот на факултетот (I кат), на 3.10.2022 (понеделник) со почеток во 11:00 часот.  

 

После поздравните обраќања и потребните информации, индексите, од страна на најдобрите актуелни

студенти на факултетот, ќе Ви бидат врачени на платото пред главниот влез, во рамки на заедничко

пригодно другарување.

 

Воедно Ве информираме дека редовната настава започнува на 4.10.2022 год. (вторник)

согласно објавениот распоред на часови

 

Ви посакуваме успешни студии и убави студентски денови

 

Со почит,

 

Деканат на

Градежниот факултет