Career center
Центарот кариера при Градежниот Факултет во Скопје е оформен во согласност со член 86 од Законот за високо образование. Главната цел на Центарот за кариера е да им помогне на идните и актуелните студенти во планирањето на својот кариерен развој. Својата задача Центарот за кариера ја остварува преку повеќе активности (во согласност со:
- организира практиканство и прв пристап на студентите до пазарот на труд и вмрежување;
- организира работилници за кариерно советување и развој на бихејвиорални вештини;
- развива маркетинг-план за промоција на Факултетот и дипломците пред компаниите и врши вмрежување;
- развива систем за воспоставување на Алумни-асоцијација на Факултетот и води евиденција за поранешните студенти (алумни);
- им помага на студентите при добивање на информации за нивно кариерно планирање, кариерен развој, професионална обука и кариерно советување;
- организира Отворени денови на факултетот, со цел да ги запознае идните студенти со можностите за студирање на факултетот;
Во рамките на услугите за кариерното советување, Центарот ги обучува студентите како да ги подобрат своите комуникациски и презентациски вештини со цел успешно претставување на интервју за работа и обезбедува практична помош за апликантите при подготовка на портфолио за способноста и работното искуство.
Центарот одржува контакти и обезбедува информации за проекти, програми, натпревари и други иницијативи со Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за информатичко оштество и администрација, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и регионалните служби за вработување, како и други министерства и институции.
Студентите и членовите на алумните на Универзитетот имаат можност да волонтираат во Центарот. Волонтирањето се реализира во согласност со потребите на Центарот и може да биде во траење до 3 мeсeци во текот на академската година. Студентите-волонтери добиваат сертификат за реализираното волонтирање.
Ги охрабруваме идните и актуелните студенти да ги користат услугите на Центарот за кариера на Градежниот факултет – Скопје. За таа цел контактирајте со било кој од членовите на центарот:
Центарот за кариера редовно објавува информации за своите активности на официјалната веб страница на факултет, како и на официјалните профили на социјалните мрежи на факултетот.