Соопштенија

Во организација на Градежниот факултет Скопје, во просториите на новоотворениот едукативен центар “Знаење +”, на 10 и 11 септември 2024 г. се одржа Експертскиот состанок од COST акцијата HELEN CA 20139.

Во рамки на овој дводневен настан, беа одржани поголем број на работилници со теми поврзани со оваа COST акција.
На настанот зедоа активно учество експерти од различни области на дрвените конструкции од поголем број европски држави.
Настанот го отвори со поздравен говор деканот проф. Горан Марковски.
Голема помош при организацијата и реализацијата на настанот, Факултетот имаше од нашиот ценет и почитуван професор во пензија проф. Кирил Граматиков, кој воедно е и Координатор на оваа COST акција за Македонија.