Повик за бесплатно учество на меѓународна работилница за студенти
Тема:
„Од привремени живеалишта до полу трајни домови – лекции од хуманитарно инженерство, социјално проектирање и управување при кризи“
Работилницата трае 4 дена по 3 часа, а се одржува онлајн на 13, 20, 27 мај и 3 јуни 2023.
Се очекува да се диксутира за следниве теми:
- Проблеми од реалниот живот, нивни решенија и влијание во општеството
- Лекции од експерти во областа
- Креативно и реалистичко размислување при проектирањето
- Соработка меѓу студенти од целиот свет
Повикани предавачи:
- Dr. Liam McCarton, from Engineers Without Borders Ireland;
- Prof. Marcial Blondet, Ph.D.,from Pontificia Universidad Catolica del Peru (PUCP);
- Prof. Vaibhav Singhal, Ph.D., of Indian Institute of Technology Patna.
Работилницата е наменета за студенти по архитектура и градежништво.
Повеќе информации и регистрација на следниот линк.
Флаерот е достапен тука.