Соопштенија

Пракса на студентите од ГФ – насока: Транспортна ифраструктура

За студентите на Градежен факултет насока: Транспортна инфраструктура од Прв и Втор Циклус на студии по предметите „Горен строј на патишта“ и „Управување и одржување на патишта“, во рамките на наставата во летниот семестар, реализирана е еднодневна Практична настава.

Праксата се реализираше во соработка на предметниот наставник Проф. д-р Горан Мијоски со Фабриката за битумен и битуменски производи „БИМ“ од Свети Николе и Претседателот на Бордот на директори, г-дин Стојанче Стојанов.

Студентите имаа прилика да се запознаат и го видат она што теоретски го изучувале во текот на семестарот, а подоцна по нивното вработување да го користат во нивната професионална работа.

Во ф-ката „БИМ“ од Свети Николе која патем е прва од овој вид на Балканот, студентите ги посетија сите производни погони, лабораторијата за испитување на битумени, а се одржа и предавање за палетата на производи од оваа ф-ка.

Целта на оваа пракса беше студентите да се запознаат со материјалите кои потекнуваат од битумен и кои се користат при изградба на патиштата – коловозните конструкции. 

IMG-be9ee74a447ae72561fb4cb22f73935e-VIMG-f8e9110878a0206cb6a0fc9602922879-VIMG-507c16b414d6aeeb10b77b1804e84504-VIMG-e4e3c54c0bc9378de62d017d8c80acfe-V20230427_130326