Announcements

Стручна пракса во Bechtel–ENKA

Конзорциумот Bechtel–ENKA отвора можност за реализирање стручна пракса за студентите од Градежниот факултет. Програмата за пракса претставува можност студентите да стекнат практично искуство, да се запознаат со организацијата и реализацијата на големи инфраструктурни проекти и да ги надградат знаењата стекнати во текот на студирањето преку директна работа со инженери и професионалци од областа. Ги охрабруваме сите заинтересирани студенти да ја искористат оваа можност за професионален развој и стекнување искуство во реална работна средина.