AN INSTRUCTION, ON 7 JUNE 2024
Во рамките на наставните програми кои се реализираат на Градежниот факултет, значајно место има и практичната настава. Со цел запознавање на студентите со градежни активности, во организација на GÜLERMAK и SUEZ, а под надзор на IRD, беше реализирана посета на железничката пруга Куманово-Крива Паланка, на градилишта во близина на с. Кетеново. Притоа, групата од 50-тина апсолвенти на студиските програми по градежништво и геотехника беше пречекана од страна на поранешни наши студенти, после што беше направен увид во изведбата на тунелите 7 и 8, ископи и свлечишта помеѓу нив и на мостот бр.11, што опфати запознавање со технологијата на изведба, применeтата механизација, неопходните материјали, како и значајните мерки за безбедност и стабилност.