FAQ

What is the procedure to withdraw from the Faculty of Civil Engineering?

Ама ако сепак си одлучил, симни го барањето за испишување (преземи барање), пополни го и завери го во Архивата на ГФ, уплати 3000 денари со цел ан дознака испишување, 200 денари за уверение за положени испити (ако ти е потребно за запишување на друг факултет) и заедно со индексот достави ги во Студентската служба.

Уплатите се вршат според Ценовникот.

Во прилог, потребна е и потврда од библиотека дека не должиш книги можеш да добиеш од Бибилиотеката или по email magdalena@gf.ukim.edu.mk и потврда од сметководство за сите платени обврски од email sonja@gf.ukim.edu.mk.

Постапката ќе биде реализирана во рок од еден до два дена.

How to Enroll in Doctoral Studies?

Според Конкурсот за запишување студенти на трет циклус (преземи конкурс) со завршен втор циклус на студии просек над 8,00 остварен од прв и втор циклус на студии, како и доказ за познавање на еден од трите јазици најчесто користени во Европската унија (англиски, француски и германски јазик).

How to Enroll in Master’s Studies at the Faculty of Civil Engineering?

Според Конкурсот за запишување студенти на втор циклус (преземи конкурс) со завршен прв циклус на студии на Градежен факултет или сродни студии.

Рангирањето на примените кандидати е според постигнатиот просек на прв циклус на студии.

What Steps Should Be Taken After Defending the Diploma Thesis?

Записникот од одбраната на дипломската работа или магистерскиот труд треба да се достави во Архивата на ГФ. За уверението студентот доставува уплатница на 6200 денари според Ценовникот на ГФ, пополнет статистички лист ВОИ 50 за прв циклус, односно статистички лист ВОИ 80 за втор циклус. Статистичките обрасци можат да се подигнат во Студентската служба.

Уверението дека студентот дипломирал може да се подигне за два до три работни дена по дипломирањето.

When Should I Register My Diploma Thesis?

Студентот може да пријави дипломска работа доколку има освоено минимум 140 ЕКТС- кредити на тригодишните студиски програми,според Правилникот за студирање на прв и втор циклус (презмеи Правилник).

Деканот, по предлог на студентот, ги определува менторот и темата за изработка и формира комисија за оцена и одбрана на дипломската работа.

Преземи Пријава за дипломска работа. Се пополнува во косултација со менторот и треба да биде потпишана од негова страна.

Прилог кон Пријавата се: уплата од 200 денари според Ценовник за Уверение (список) на положени испити, потврда за платени обврски кон факултетот од сметководство или sonja@gf.ukim.edu.mk и потврда дека не должиш книги од бибилиотеката или magdalena@gf.ukim.edu.mk. Aко си земал стипендија додека си студирал, наведи го и тоа на самата пријава, на втората страна.

How Many Credits Am I Allowed to Enroll in Per Semester?

Радовните студенти смеат да запишат најмногу 35 кредити во еден семестар. На студентите со просек над 8,50 може да им се дозволи запишување на најмногу 40 кредити со писмено барање до Деканатот и задоволена условеност на предметите.

Certificate of attendance / certificate of passed exams

Што ми е потребно за да добијам потврда за редовност/уверение за положени испити/извод од досие?

Потребно е да се достави индексот со запишан тековен семестар и уплатница соодветна за потврда, уверение или извод според Ценовникот на ГФ.

How can I annul a grade / retake an exam?

Студентот треба во рок од 24 часа да поднесе писмен приговор до Деканатот ако не е задоволен од завршното оценување или смета дека испитот не е спроведен во согласност со Законот за високото образование. Наставникот ќе ја преиспита оценката и ќе закаже термин за повторен испит. Ако наставникот не сака да ја преиспита оценката, студентот го полага испитот пред тричлена комисија во наредните 24 часа или наредниот работен ден.

Доколку студентот е задоволен од оценувањето, но смета дека може и сака да научи за повисока оцена, доставува писмено барање до Деканатот на ГФ да му се овозможи да го преполага испитот. Ова барање треба да биде поднесено во период од најмногу 4 месеци од денот на првото полагање.

What is the procedure to re-enroll at the Faculty of Civil Engineering?

Многу паметно од твоја страна, уште недипломираните студенти добиваат понуди за вработување…

Потребно е да ги донесеш уверенијата и дипломата од средното образование, изводот од матичната книга на родени, уверението за државјанство, индексот (ако си го сочувал, или да го објавиш за изгубен (процедура од прашање бр. 1) и уплатница од 2000 денари според Ценовникот на ГФ. Според член 323 од Статутот на УКИМ, бидејќи еднаш си го искористил правото за студирање во рамките на државната квота, преминуваш во квота со кофинансирање.

What should I do if I lose my student index?

Внимавај, не прави го тоа! Индексот е личен документ…ти лично треба да внимаваш на него….

Ама ако се случи тоа, прво почекај седум дена и проверувај на портирницата на ГФ, како и во Студентските Служби на ГФ и АрхФ.

Ако не се појави “од некаде”, тогаш објави го за неважен во Службен Весник (https://euslugi.slvesnik.com.mk/Announcements.aspx), уплати 1500 денари, купи нов индекс, залепи една фотографија и пополнет достави го во Студентската служба.

What Should I Do If I Lose My Diploma?
    1. Објава во службен весник на РСМ дека дипломата е изгубена
    2. Барање преку архивата на факултетот за издавање на дупликат диплома (се приложува објавата од службен весник и податоци за дипломирање, копија од диплома, уверение и сл.)
    3. Уплата за уверение и изработка на диплома 3900 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 2500 ден. на жиро сметката на Градежен факултет со назнака за дупликат диплома, кои ќе бидат префрлени на сметка на УКИМ.

     

    жиро сметката на Градежен факултет 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41

How Can I Obtain My Diploma on an Urgent Basis (Before Graduation Ceremony)?

Како да добијам диплома по итна постапка (пред промоција)

Поднеси барање за издавање диплома по итна постапка со твои податоци, уплата од 6200 ден. за диплома и додаток на диплома на жиро сметката на Градежен факултет и уплата од 5000 ден. (за прв циклус и втор циклус), или 10000 ден. (за трет циклус) на жиро сметката на Градежен факултет со цел на дознака за издавање диплома по итна постапка.

Дипломата се изготвува со датумот на поднесување, а според Правилникот за условите и постапката за издавање и за одземање на диплома и додаток на диплома за завршени студии на високо образование на УКИМ во Скопје (Сл. Весник на РСМ бр. 336, 1.6.2016), член 11, дипломата се изработува за 10 дена, од денот на доставеното барање, потпишано од Деканот.

жиро сметката на Градежен факултет 100000000063095, со сметка на буџетски корисник 1600104219 788 15, приходна шифра 723012, програма 41

Statement for Access to Personal File
Дали мојот родител/старател може да има увид во моето студентско досие?
Со пополнување на изјавата за увид во досие, родител/старател може да има увид во досието на студентот.