Соопштенија

ОКТА најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Градежен факултет

Документ (pdf)

ОКТА најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со Градежен факултет
Услови за аплицирање:
1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
2. Студентот да има средно познавање на англиски јазик.
3. Студентот да има познавање на Microsoft Office и AutoCAD
Времетраење на пракса:
Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во Сектор Инсталациски постројки, во временски период од 1 до 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 03.06.2024 година.
Обврска на компанијата:
– да му обезбеди ментор на практикантот.
– да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
– да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.
Цели на праксата
– Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
– Практикантот ќе биде под менторство во Сектор Инсталациски постројки, истовремено асистирајќи во повеќе области на работа.
– Секторот Инсталациски постројки е под дирекција Оператива и ги опфаќа следниве активности – учество во изработката на спецификации за набавка на резервни делови и материјали неопходни за одржување на опремата, изработка на скици за полесно дефинирање и реализација на порачките за работа, соработка со надворешни изведувачи, изработка на проектна документација итн. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на инсталациски постројки, Microsoft Office, AutoCAD и деловна комуникација.
Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При испраќање на апликацијата кандидатите потребно е да назначат во Subject – Пракса во Сектор Инсталациски постројки.
Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 17.05.2024 год.