Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2022/2023 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2022/2023 ГОДИНА

Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 12-20.септември 2022.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на зимски семестар, во учебната 2022/2023 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 20.9.2021 до 23.9.2021 од 10,00 до 13,00 часот и тоа по следниот распоред:

  1. септември – геотехника
  2. септември – прв семестар, по втор пат, прв циклус, градежништво и геодезија
  3. септември – трет семестар, прв циклус, градежништво и геодезија
  4. септември – петти семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)

Почитувајте ги препораките за заштита од Ковид-19: Приоѓајте еден по еден на шалтер, одржувајте дистанца и користете заштитна маска. Почитувајте го распоредот и редниот број што го добивате од системот!

Потребни документи и уплати:

  • Индекс;
  • Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар)
  • Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);
  • ВОИ 20 ОБРАЗЕЦ – пополнет, за завод за статистика;
  • Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
  • Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во зимски семстар (пополнети со основните податоци, кои важат за наредните 3 сесии);
  • Уплатена партиципација од 6.200/12.400 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205/410 ден)    или
  • Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;
  • Уплата за материјални трошоци и осигурување од 1850 ден. на жиро сметката на факултетот
  • Уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Градежен факултет – Скопје), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

Плаќање на рати е дозволено за вкупна сума над 9000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 ноември 2022 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.

Калкулатор на кредити

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

  • Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.)
  • Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 28 октомври 2022 год., но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2022/2023 година. Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската работа и обрасци за запишување/заверување на семестар.
  • Наставата почнува на 4.10.2022 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.

Распоред на часови за прв циклус, зимски семестар 2022/2023;

Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2022/2023;

Календарот на активности и неработни денови во 2022/2023 година;

Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;