Признанија за Градежен факултет и Научното списание SJCE од ДПМ
На неодамна одржаниот Втор Македонски конгрес за патишта, кој се одржа по повод 55 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија – ДПМ, каде еден од основачите на ДПМ е токму Градежниот факултет од Скопје, на Градежниот факултет му беше доделено највисокото признание:
Златна плакета,
за посветеност во развојот на научната мисла во областа на патиштата и придонес во развојот на Друштвото за патишта на Република Македонија.
Наградата ја додели Претседателот на ДПМ проф. д-р Горан Мијоски, а во име на Градежниот факултет ја прими Деканот на ГФ, проф. д-р Горан Марковски.
На научното списание кое го издава Градежниот факултет – Scientific Journal of Civil Engineering, му беше доделено признание :
Бронзена плакета,
за успешна соработка.
На конгресот за успешна соработка и придонес во развојот на ДПМ беа доделени признанија Златна плакета и на истакнати професори од земјава и странство и тоа на:
– Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ
– Проф. д-р Милорад Јовановски, Градежен факултет во Скопје
– Проф. д-р Стјепан Лакушиќ, Ректор на Универзитетот во Загреб – Хрватска
– Проф. д-р Горан Младеновиќ, Градежен факултет во Белград
– Проф. д-р Татјана Рукавина, Градежен факултет во Загреб