Саем за геодетска опрема и опрема за управување со градежни машини – 12ти и 13ти декември 2024 година Градежен факултет – Читална
Ве покануваме да ни се придружите!
Гео Инновус во соработка со Градежниот факултет имаат чест да го организираат Саемот за геодетска опрема и опрема за управување со градежни машини, на кој ќе имате уникатна можност да се запознаете со најновите технологии и иновации од индустријата.
Подолу се деталите за опремата која ќе биде изложена на саемот:
Геодетска опрема:
· Рачен 3Д скенер базиран на SLAM технологија
· Дронови
· LiDAR сензори и камери
· Напредени софтвери за пост-обработка на податоци LiDAR
· GNSS смарт антени
· Тотални станици
Опрема за управување со градежни машини:
· Систем за прецизно управување со Багер
· Систем за 3D автоматско управување со Грејдер
· Систем за 3D автоматско управување со Булдожер
Локација и време:
· Датум: 12ти и 13ти декември 2024 година
· Време: 08:00 – 16:00 часот
· Локација: Градежен факултет – Читална
Oва ќе биде одлична можност за размена на идеи, запознавање со нови технологии и изнаоѓање на можности за соработка и напредок во нашата индустрија.
Се надеваме на Вашето присуство и на успешна и продуктивна средба.
Со почит,
Гео Инновус ДООЕЛ
geoinnovus@gmail.com
www.geoinnovus.com