Соопштенија

Теренска посета во рамки на предметот Градски сообраќајници на ден 25.11.2024 година

На ден 25.11.2024 година, во рамки на предметот Градски сообраќајници, се реализираше теренска посета на крстосницата на улица Љубљанска со улица Илинденска, како и на трасата на новата улица што ќе ги поврзува улиците Илинденска и Скупи. Организацијата беше предводена од членови на Катедрата за Патишта, со учество на претставници од Град Скопје, ЈП Улици и патишта, изведувачот и надзорот.
Студентите имаа можност да направат увид во тековните градежни работи, да го разгледаат новиот мост во изградба и да се запознаат со неговите технички карактеристики и напредокот во изведбата.