Соопштенија

Потсетување на редовните квалификувани студенти за подигнување на наменската картичка за студентски субвенциониран оброк, за академската 2023/2024 година

Потсетување за сите квалификувани студенти за подигнување на наменските картички

 

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината

 

Студентските денови се неповторливи и вредни, па затоа е потребно да се искористат максимално во поглед на знаењето, а и во поглед на уживањето во истите, секако со помош на друштвото, но и со помош на поддршката од страна на Министерството за образование и наука и Шпаркасе Банка АД Скопје. Во академската 2023/2024 година дел од поддршката за студентите доаѓа во форма на проектот за субвенциониран студентски оброк.

 

Октомври е пред нас, месецот кога и официјално започнува користењето на наменските ко-брендирани Visa картички, на Шпаркасе Банка и Министерството за образование и наука, за субвенциониран студентски оброк.

 

Шпаркасе Банка АД Скопје ги потсетува сите квалификувани студенти, кои веќе добиле порака од банката со точно место и време за подигнување на својата наменска картичка, истото да го сторат навремено, со цел од месец октомври да можат да ги користат истите на територија на целата држава.

 

Секој изминат ден со неподигната картичка значи изгубен оброк.

 

Од понеделник, 02.10.2023 година, сите студенти, кои веќе ги подигнале своите картички можат да уживаат во вкусни оброци во академската 2023/2024 година. Картичката ќе може да се користи во сите продажни места низ државата за готова и приготвена храна, ресторани, пекари и маркети.

 

Плаќањето пак ќе може да се изврши на ПОС терминал, на било која банка во земјата, инсталиран на продажни места во рамки на дефинираните дејности.

 

Оние квалификувани студенти, кои не успеале досега да ги ажурираат своите податоци на онлајн платформата на банката, сѐ уште можат да го направат истото пред да одат да ја подигнат картичката, – и тоа на следниот линк: https://netbanking.mk/portal/studentportal.

 

За сите прашања или дополнителни информации, што се поврзани со наменската студентска Visa картичка за субвенциониран студентски оброк, студентите можат да се обратат во секое време на studentimon@sparkasse.mk, или на https://sparkasse.mk, како и на телефонскиот број 02/308-7360.

 

Уживај во студентскиот живот и верувај во иднината.

MKD_16-9