Промоција на магистри и дипломирани студенти на Градежен факултет Скопје – 30 мај 2025 година
Промоција на магистри и дипломирани студенти на Градежен факултет Скопје е закажана на 30 мај 2025 година, со следниот протокол:
oд 12.00 до 13.30 часот: потпишување во главна книга на дипломирани/магистрирани и подигнување на додаток на диплома (во студентската служба или холот на факултетот)
од 14.00 часот: свечено доделување на дипломи во Амфитеатарот на Факултетот, со распоред: магистри по технички науки, па дипломирани инженери.
Во прилог е табела со броеви на дипломи, број кој треба да го запомните и кажете, за да го подигнете додатокот на диплома. Табелата ќе биде истакната и на огласната табла, како и на web страната.
Дипломата се подигнува лично, или може да ја подигне лице, овластено со нотарски акт, кој ќе го приложи при потпишување во главната книга.
Дипломите можат да се подигнат и пред и по промоцијата, од 11.30-13.30 часот, од студентската служба.
Студентите кои имаат долг кон факултетот, треба да го подмират пред промоцијата.