Announcements

The Event “Days of Vardar” Held at the Faculty of Civil Engineering

На 25.11.2025-та во амфитеатарот на Градежниот факултет се одржа последниот ден од настанот Денови на Вардар (Vardar Days), посветен управувањето со сливот на реката Вардар, најзначајниот ресурс на државата. Активноста е дел од Програмата за управување, користење и заштита на водите која е подржана од владата на Швајцарија, а во партнерство со Министерството на животна средина и просторно планирање; и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во рамките на овој настан од 1-3 часот во холот на првиот кат на факултетот се одржа Саем за кариера. Со штанд се претстави и Градежниот факултет, кој беше посетен од голем број на средношколци дел од нив наши идни студенти. На саемот присуствуваа неколку компании, што беше одлична можност на студентите да се запознаат со нивната работа, а на компаниите да привлечат идни професионалци.

Слика 1. Денови на Вардар

Слика 2, 3. Саем на кариера

Слика 4, 5. Штандот на Градежен факултет