Announcements

Посета на Градежниот факултет: Средношколците откриваат можности за иднина

На 10 март 2026 година, вторник, претставници од Градежниот факултет го посетија Градежниот училишен центар „Здравко Цветковски“. При посетата беа презентирани студиските програми и можностите што ги нуди студирањето на Градежниот факултет. Со учениците се разговараше за нивните идни академски и професионални перспективи во областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката. Истиот ден друга група го посети СУГС Ѓорги Димитров.