Презентација на „BIM (Building Information Modeling) имплементација во инфраструктурни проекти“

Date

Tuesday 12. May 2026
Во 14:00

Почитувани студенти и професори, Ве покануваме на презентација посветена на BIM (Building Information Modeling) имплементација во инфраструктурни проекти, која ќе ја одржи стручно лице од пракса м-р Жарко Иваноски дипл. град. инж. со долгогодишно искуство во проектирање и реализација на современи градежни проекти. Преку практични примери и реални искуства, ќе имате можност да се запознаете со примената на BIM технологијата, нејзините предности во градежната индустрија и идните професионални можности што ги нуди. Настанот претставува одлична можност за размена на знаења, идеи и искуства помеѓу академската средина и професионалната пракса. Предавањето ќе се реализира на ден 12.5.2026 година (вторник) со почеток во 14.00 часот во предавална број 3. Ве очекуваме!