Scholarships

Градежен факултет Скопје, како единствена високообразовна установа со настава на прв, втор и трет циклус на студии од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката во нашата држава, има обврска да образува високостручен кадар кој со своите вештини и компетенции ќе биде способен да одговори на задачите и на развојните текови во струката. Исполнувањето на оваа обврска, меѓудругото, бара и соработка со градежните фирми и институциите на системот. Градежниот факултет секогаш бил и ќе остане отворен за соработка, отворен за сите позитивни идеи и развојни планови кои можат да придонесат во квалитетот на студиите, стручното обликување и насочување на идните дипломирани инженери.

Фондацијата за стипендирање студенти е една од формите и можностите за меѓусебна соработка со градежните фирми и институти во остварувањето на заедничките цели.

Фондацијата е основана со Одлука донесена на 309 седница на ННС на Градежниот факултет од 20.05.2004 година. Како основни цели и задачи на Фондацијата се:

 

– овозможување на подобри услови за студентите на Градежниот факултет,

– стипендиите да бидат дополнителен мотив за поуспешно студирање и обезбедување на квалитетен стручен кадар способен да одговори на предизвиците на современото градежништво,

– фондацијата да претставува форум преку кој фирмите од градежната индустрија ќе можат да ги изнесат своите видувања за образувањето на новите кадри согласно на нивните актуелни потреби.

 

Во недостиг на градежни фирми и институти, со цел најдобрите студенти да останат мотивирани, Градежен факултет-Скопје доделува стипендии од сопствени средства.

 

Стипендии на прв циклус на студии

 

Стипендирањето на новозапишаните студенти во прва година се врши согласно поените остварени при запишување на Градежен факултет.

 

Од учебната 2024/2025 година на ниво на средни училишта се организира работилница “Градиме иднина” на која идните студенти на Градежен факултет со своето знаење и покажување особен успех имаат можност да освојат стипендија – тригодишно ослободување од партицпипација или едногодишно ослободување од партиципација, по претходно донесена Одлука од Деканатската управа на факултетот.

 

Од учебната 2018/19 година, Друштвото за геотехника доделува 5 стипендии на најдоброрангираните кандидати при запишување на прв циклус на студиската програма Геотехничко инженерство, по претходно донесена Одлука на Друштвото за геотехника.

 

Стипендирањето во втора и трета година се врши на најмногу 10 студенти од секоја година, и тоа на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.

Одлука за избор на добитници на стипендии запишани во втора и трета година на прв цуклус студии во учебната 2024/2025 година

Одлука за стипендирање на 10 студенти на Градежен факултет Скопје на прв циклус студии во прва година во учебната 2024/2025 година

 

Стипендии на втор циклус на студии

 

Стипендирањето на новозапишаните студенти на втор циклус на студии се врши според претходно остварениот успех на прв циклус на студии, при што се стипендираат најмногу 5 студенти кои во континуитет ја задржале стипендијата (или правото на стипендијата) на прв циклус на студии и оствариле просек од најмалку 9.00.

Стипендирањето во втора година се врши на студентите кои оствариле просек од најмалку 9.00 и ги положиле сите предмети заклучно со сесијата август/септември.

 

Стипендиите во секоја учебна година на прв и втор циклус на студии се однесуваат на студентите од тековната генерација, а дополнителен услов е и да се невработени.

 

Одлука за избор на добитници на стипендии запишани во прва и втора година на втор цуклус студии во учебната 2024/2025 година