Проф. д-р Горан Марковски e член на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1986 година, магистрирал во 1994 година а докторирал во 2003 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Армиран бетон “, „Инфраструктурни конструкции“ и „Трајност на бетонските конструкции“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Армиранобетонски конструкции“ , „Армиранобетонски мостови“, „Трајност на бетонските конструкции“ и „Санација и зајакнување на бетонските конструкции“ на СП Градежништво-конструктивна насока.