Проф. д-р Зоран Кракутовски e член на Катедрата за железници. Дипломирал на Градежен факултет-Скопје при УКИМ во 1987 година, магистрирал во 1995 година на Политехничката Федерална Школа во Лозана, Швајцарија, поседува диплома од докторски студии ДЕА – Транспорт од Високата школа за мостови и сообраќајници во Париз, Франција а докторирал во 2004 година на Универзитет Париз-12 –Вал де Марне- Франција. На прв циклус ги предава следните предмети: „Железници“ и „Проектирање железници“ на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Сообраќајна економија“, „Процена на проекти од транспортната инфраструктура“, „Железнички станици“, „Градење и модернизација на железнички пруги“на СП Градежништво- транспортна инфраструктура, како и „Транспортни системи“ на листата на УКИМ.