Ас. м-р Драган Иваноски е член на Катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците. Дипломирал во 1997 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ каде и магистрирал во 2005 година. Запишан е на докторските студии на Градежно-архитектонскиот факултет во Ниш, Србија. Држи вежби по поголем број предмети на Катедрата за хидраулика, хидрологија и уредување на водотеците.