Презентација за можностите за практикантство во конзорциумот Бехтел Енка

Date

Tuesday 12. May 2026
Во 10:00

Градежниот факултет ги поканува сите заинтересирани студенти да присуствуваат на кратка презентација посветена на можностите за практикантство во конзорциумот Bechtel–ENKA. Презентацијата ќе се одржи во вторник, 12 мај 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во Амфитеатарот на Градежниот факултет. Настанот претставува одлична можност студентите да се информираат за, програмите за практикантство, условите и критериумите за аплицирање и можностите за стекнување практично искуство на големи инфраструктурни проекти. Ги охрабруваме сите студенти кои се заинтересирани за професионален развој и вклучување во реални инженерски проекти да присуствуваат на настанот.