Свечено доделување решенија за работа на 10 нови асистенти
Со цел пополнување на недостатокот од млади кадри, асистенти, што повеќе години наназад претставува проблематична точка во реализацијата на предвидената настава, како и забележаните потешкотии во остварување на научно-истражувачките активности на факултетот, во текот на 2020 година, Градежниот факултет – Скопје преку Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, упати барањето до Министерството за образование и наука за вработување на 10 асистенти.
По спроведување на предвидените законски постапки и процеси во рамките на факултетот и Универзитетот, на 31.12.2020 година, издадено е одобрение за вработување на 10 асистенти на неопределено време.
Со особена чест и задоволство Ве информираме дека на 12.2.2021 година, на пригодна свеченост, деканот проф. д-р Златко Србиноски, им ги додели решенијата за работа на 10-те ново вработени асистенти на Градежниот факултет – Скопје.
Деканот на Градежниот факултет – Скопје, честитајќи им на добиените решенија и посакувајќи им успех во натамошната работа, потенцираше дека со овој процес значително ќе се подобри организациската поставеност на катедрите каде што со години недостасуваа нови вработувања, што придонесуваше за постојано присуство на неизвесност кај професорите и вработените на факултетот.
Нашите нови асистенти, а долгогодишни надворешни соработници во реализацијата на наставната и научно-истражувачката дејност се:
- М-р Марија Доцевска – Катедра за бетонски и дрвени конструкции
- М-р Дејан Јанев – Катедра за бетонски и дрвени конструкции
- М-р Владимир Дамјановски – Катедра за метални конструкции
- М-р Фросина Пановска – Катедра за хидротехнички објекти
- М-р Ристе Ристов – Катедра за патишта
- М-р Ивона Недевска – Катедра за железници
- М-р Васко Гацевски – Катедра за организација и технологија на градба
- М-р Наташа Малијанска – Катедра за геодезија
- М-р Томе Геговски – Катедра за виша геодезија
- М-р Филип Петровски – Катедра за виша геодезија
На сите асистенти им посакуваме успех на професионално и на приватно поле и нови заеднички успеси на Градежниот факултет – Скопје.