INNO-SAE 2022/2023 – повик за апликација
Почитувани колеги,
Студентската програма INNO-SAE 2022/2023, како интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, се одржува оваа година по трет пат. Како коорганизатори се јавуваат и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.
На ден 1.3.2023 во 12:30 часот, во просторија 111 ќе се одржи презентација на главните активности на програмата заедно со развиените прототипови од претходните едиции.
Повеќе детали можете да најдете на: https://inno.feit.ukim.edu.mk/
Ве очекуваме.
Со почит