Добитник на инженерскиот прстен за 2022 год. од Градежен факултет – Скопје е дипл. град. инж. Ана Тодорова.
Дванаесет најдобри дипломци од инженерските факултети, на 23 јуни 2022 год. го добија признанието Инженерски прстен. Тие се придружија на плејадата од 202 носители на ова престижно признание што го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија.