ОБУКА ЗА ДЕЈНОСТИ ОД ГРАДЕЖНА ИНДУСТРИЈА
Во организација на Фондација за менаџмент и индустриско истражување – МИР и Градежен факултет во Скопје, како домаќин, во периодот од 18.9 до 27.9 (вкупно 6 дена) беше реализирана практична „Обука за дејности од градежната индустрија“ како дел од проектот „ЦБЦ еквилајзер за пол и возраст на работните места“.
Обуката, покрај професорот Златко Зафировски, ја реализираа и асистентите Ивона Недевска Трајкова, Марија Доцевска Јованова, Фросина Пановска Георгиевска, Наташа Малијанска Андреевска, Наташа Неделковска, Ристе Ристов и Васко Гацевски.
На обуката, покрај надворешни учесници, беа поканети и присуствуваа ученици од средни училишта во Скопје, и бруцошите на нашиот факултет, што беше можност за поголема промоција на градежништвото како најдинамичен сектор, како и студиските програми на Градежниот факултет.
Последниот ден од обуката, беше посетена Компанијата АДИНГ како една од врвните компании во секторот градежништво, каде што беше претставена најсовремената опрема и учесниците добија повеќе информации за отворените работни места и програмите за практикантска работа.
По завршувањето на обуката, сите учесници добија СЕРТИФИКАТ, како вреден додаток на нивното професионално портфолио.