Посета на Јарослав Черни
Еден прекрасен ден, организиран од Катедрата за Хидрологија, Хидраулика и Уредување на Водотеците (проф. Виолета Ѓешовска) за студентите од хидротехничка насока (прв, втор и трет циклус на студии на Градежен факултет, Скопје/ Faculty of Civil Engineering, Skopje) за посета на Институтот Јарослав Черни во Белград (https://www.jcerni.rs/), Србија.
Во рамки на посетата, студентите имаа прилика да се запознаат со најстариот Институт за водостопанство во Србија (основан во 1947 година во поранешна Југославија) и со неговата работа во Хидрауличката лабораторија за физичко-хидрауличко моделирање.
Студентите ги проследија следниве презентации:
Dr Nikola Milivojević, Executive Director, President of the JCWI Scientific Board- Reception & Welcome note,
Brankica Majkić-Dursun, corporate video, Foundation of the WSDAC Center,
Miodrag Milovanović – JCWI activities in the Region of Northern Macedonia,
Luka Stojadinović – Concept of flood early warning systems in Serbia,
Miodrag Milovanović – WEPASS Project – Making the Iron Gate Dams passable for migratory fish,
Danica Starinac- JCWI HYDRAULIC LABORATORY -Presentation (Makhoul Dam & Una Kostela HPP). Преку презентациите студентите имаа прилика да се запознаат со работата и искуството на вработените во Институтот, а со посетата на Хидротехничката лабораторија имаа прилика да видат поголем број на хидраулички модели и да присуствуаваат на демонстрација на хидраулички модели (Predrag Vojt- Hydraulic Models Demonstration).
Уживавме во посетата на Институтот, презентациите и исклучително пријатен и домаќински пречек.
Огромна благодарност до Никола, Бранкица, Миодраг, Лука, Невена, Даница и сите кои се потрудија овој ден да биде запаметен од страна на Нашите студенти: Марко, Јован, Албан, Глигор, Симеон, Јована, Теодора, Никола и Бојан.