Соопштенија

Промоција на магистри и дипломирани студенти на Градежен факултет Скопје

Промоција на магистри и дипломирани студенти на Градежен факултет Скопје е закажана на 19 јуни 2024 година, со следниот протокол:

oд 9.30 до 10.55 часот: потпишување во главна книга на дипломирани/магистрирани  и подигнување на додаток на диплома (во студентската служба или холот на факултетот)

од 11 часот: свечено доделување на дипломи во Амфитеатарот на Факултетот, со распоред: магистри по технички науки, па дипломирани инженери.

Во прилог е табела со броеви на дипломи, број кој треба да го запомните и кажете, за да го подигнете додатокот на диплома. Табелата ќе биде истакната и на влезната врата од Факултетот, како и на web страната.

Дипломата се подигнува лично, или може да ја подигне лице, овластено со нотарски акт, кој ќе го приложи при потпишување во главната книга.

Дипломите можат да се подигнат и пред и по промоцијата, од 11.30-13.30 часот, од студентската служба.

Студентите кои имаат долг кон факултетот, треба да го подмират пред промоцијата.

Промоција на дипломи табела.