Градежништво – трет циклус
Студиската програма на третиот циклус по градежништво се состои од пет подпрограми (модули):
- Конструкции;
- Хидротехника,
- Сообраќајна инфраструктура,
- Геотехника и
- Организација, технологија и менаџмент во градежништво.
Раководител на Советот за докторски студии по градежништво e д-р Думова-Јованоска Елена.
Карта на студиската програма
Вид на студии | Трет циклус на студии | |
Назив на студиската програма | Македонски | Градежништво, модули (потпрограми):
– конструкции, – сообраќајно инженерство, – хидротехника, – геотехникa – организација, технологија и менаџмент во градежништво |
Англиски | Civil Engineering, modules (subprogrammes):
– Structures, – Traffic engineering, – Hydrotechnics, – Geotechnics – Organization, technology and management in civil engineering | |
Одговорни институции | Градежен факултет – Скопје | |
Траење | 3 години | |
ЕКТС | 180 Студиската програма се состои од два главни дела:
1. Обука за истражување и едукација – обем 60 ЕКТС кредити 2. Изработка на докторска дисертација – обем 120 ЕКТС кредити | |
Јазик | Македонски-Англиски | |
Назив на дипломата | Македонски | Доктор по технички науки во поле на градежништво |
Англиски | Doctor in technical sciences in civil engineering |
Студиската програма за трет циклус студии по градежништво по обем е организирана во согласност со Законот за високото образование во Република Македонија, како и Правилникот за трет циклус на студии на УКИМ.
Студиската програма се состои од два главни дела:
- Обука за истражување и едукација во обем од 42 ЕКТС-кредити.
- Изработка на предлог докторски проект, истражување, учество на годишни конференции и семинари, мобилност, учество на меѓународни собири, изработка и одбрана на докторска дисертација во обем од 138 ЕКТС-кредити.
Обука за истражување и едукација
Обуката за истражување и објавување резултати се состои од:
Tри предмети за стекнување генерички знаења и вештини за истражување, што изнесува 12 ЕКТС-кредити и тоа:
- Научноистражувачка етика (3 EKTС);
- Методологија на научно истражувачка работа (3 EKTС);
- Eден предмет од листа на изборни предмети од третата група предмети за стекнување на генерички знања и вештини за истражување – Универзитетска листа на изборни предмети од трет циклус на студии (6 EKTС).
Едукацијата опфаќа предмети од полето и од потесната област на истражување, што изнесува 30 ЕКТС-кредити.
Предметите за Едукација на Градежниот факултет се поделени во две групи:
- Група A – предмети од областите на математика и иформатика
- Група Б – предмети од потесната област на истражување:
- Група Б1 – конструкции;
- Група Б2 – хидротехника;
- Група Б3 – сообраќајно инженерство;
- Група Б4 – геотехника;
- Група Б5 – организација, технологија и менаџмент во градежништво.
Приказ на предметите за обука за истражување и едукација во првата година на студиите
Семестар | Код | Тип на предмет | Опис на предмет/активност | ЕКТС | Припадност согласно ЗВО |
Прв | 1.1 | Задолжителен | Етика во научноистражувачката работа | 3 | Академска обука |
1.2. | Задолжителен | Методологија на научноистражувачката работа | 3 | Академска обука | |
1.3. | Изборен | Предмет за стекнување генерички знаења и вештини за истражување од универзитетска листа на изборни предмети | 6 | Академска обука | |
1.4. | Изборен | Предмет за стекнување напредни знаења од група А1 | 6 | Академска обука | |
1.5. | Изборен | Предмет за стекнување напредни знаења од група од група Б (од сите модули) | 6 | Академска обука | |
1.6. | Изборен | Предмет за стекнување напредни знаења од Б (од избраниот модул) | 6 | Академска обука | |
Вкупно | 30 | ||||
Втор | 2.1. | Изборен | Предмет за стекнување напредни знаења од група Б (од избраниот модул) | 6 | Академска обука |
2.2. | Изборен | Предмет за стекнување напредни знаења од група Б (од избраниот модул) или В2) | 6 | Академска обука | |
2.3. | Задолжителен | Истражувачка работа под менторство (подготовка на предлог-проект за докторски труд) | 14 | Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект) | |
2.4. | Задолжителен | Прва годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно | 30 |
Во зависност од потребите на кандидатот и во согласност на менторот, изборот на предмет од областа на математика и информатика може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.
Група В се предметни програми од потесната област на истражување понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р. Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.
Едукацијата е во обем од 30 ЕКТС кредити и опфаќа пет предмети:
- Еден предмет од група A, од областите на математика и информатика;
- Еден предмет од група Б, од сите модули;
- Три предмети од група Б, од избраниот модул. Едниот од овие предмети може да биде избран од потесната област на истражување понудени во студиските програми на другите единици на Универзитетот, на некој од државните универзитети во Р.Македонија, како и на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.
Кандидатот ги избира предметните програми во договор со менторот.
Едукацијата се спроведува од страна на Градежниот факултет во Скопје. Дел од едукацијата, по избор на кандидатот, а со согласност на менторот, може да се спроведе на друга единица од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на друг државен универзитет, или на универзитети во Европа и светот со кои УКИМ има склучено билатерални договори за соработка.
Земајќи го предвид бројот на студенти и со цел зголемување на квалитетот на наставата, на 458 седница на ННС донесена е одлука дека еден наставник може да држи настава на најмногу два предмети на третиот циклус на студии по градежништво.
За студенти од други струки, доколку е потребно предзанење за следење на предметите од трет циклус, менторот може да предложи на Советот на докторски студии, полагање на максимум два предмети од листата на предмети од вториот циклус. Доколку во тековниот семестар се одржуваат предавања по избраниот предмет, студентот ќе може да се приклучи на истите, во спротивно наставата ќе се изведува менторски. Кредитите од овие дополнителни предмети ќе бидат зголемување на 30-те кредити за едукација, кои се добиваат по предметните програми од трет циклус.
Активна истражувачка работа и изработка на докторска дисертација
Во вториот семестар, почнувајќи со подготовка на предлог-проект за докторскиот труд, кандидатот започнува со изработката на докторската дисертација, што ги опфаќа следниве активности:
- Независен истражувачки проект за изработка на докторскиот труд под менторство (докторски проект), што содржи истражувачка работа под менторство и поднесување на предлог-докторски проект за изработка на докторски труд и се вреднува со 41 ЕКТС-кредити;
- Меѓународна мобилност, најмалку еднонеделен престој, што се вреднува со 6 ЕКТС-кредити;
- Предавања и друг вид комуникациски активности, што содржи учество на семинари и конференции, што се вреднува со 18 ЕКТС-кредити;
- Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд, што се вреднува со 27 ЕКТС-кредити;
- Изработка и јавна одбрана на докторски труд врз основа на докторски проект, што се вреднува со 46 ЕКТС-кредити.
Приказ на активностите во втората и третата година на студиите
Семестар | Код | Тип на предмет
/активност | Опис на предмет/активност | ЕКТС | Припадност согласно ЗВО |
Трети | 3.1. | Задолжителен | Предлог-докторски проект | 27 | Независен истражувачки проект под менторство (докторски проект) |
3.2. | Задолжителен | Прв докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно | 30 | ||||
Четврти | 4.1. | Задолжителен | Изработка на докторскиот труд | 20 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект |
4.2. | Задолжителен | Меѓународна мобилност | 6 | Меѓународна мобилност | |
4.3. | Задолжителен | Втора годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно | 30 | ||||
Петти | 5.1 | Задолжителен | Активности за објавувањето на два труда во референтна научна публикација | 20 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд |
5.2. | Задолжителен | Учество на меѓународен собир | 7 | Објавување во референтни научни публикации и активно учество на меѓународни собири во врска со докторскиот труд | |
5.3. | Задолжителен | Втор докторски семинар | 3 | Предавања и друг вид на комуникациски активности | |
Вкупно | 30 | ||||
Шести | 6.1. | Задолжителен | Трета годишна конференција | 4 | Предавања и друг вид на комуникациски активности |
6.2. | Задолжителен | Одбрана на докторскиот труд | 26 | Изработка и јавна одбрана на докторскиот труд врз основа на докторскиот проект | |
Вкупно | 30 |
Документи и корисни линкови
- Листа на предметни програми
- Содржина на предметни програми
- Задолжителни и изборни активности
- Структура на студиите, динамика на студирање, обврски на студентите
- Елаборат за акредитација на студиската програма
- Информации за студенти и ментори за третиот циклус – докторски студии
- Information for students and supervisors for third cycle – doctoral studies