ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2025/2026 ГОДИНА
Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 15-25.септември 2025 год.
За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на зимски семестар, во учебната 2025/2026 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 25.9.2025 до 30.9.2025 од 10,00 до 13,00 часот и тоа по следниот распоред:
- септември – геодезија
- 26. септември – прв семестар, по втор пат, прв циклус – градежништво и геотехничко инженерство (прв, трет и петти семестар)
- 29. септември – трет семестар, прв циклус, градежништво
- 30. септември – петти семестар, прв циклус, градежништво
Потребни документи и уплати:
- Индекс;
- ВОИ 20 ОБРАЗЕЦ – од скриптара, пополнет, за завод за статистика или online;
- Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
- Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во зимски семстар (пополнети со основните податоци, кои важат за наредните 3 сесии);
- Уплатена партиципација од 6 200/12 400 ден. за семестар за студентите во државна квота/квота со кофинансирање или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205/410 ден.)
- Уплатени 750 ден. за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Градежен факултет – Скопје), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
- Уплатени 100 ден. за е-обрасци за запишување и заверка на зимски семестар 2025/2026 година на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.
Плаќање на рати е дозволено за вкупна сума над 10 000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 ноември 2025 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите, со уплата од 100 денари, по молба, во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.
УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!
- Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден., односно цена на 1 кредит = 410 ден.) според член 323 од Статутот на УКИМ.
- Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 31 октомври 2025 год. Студентите кои нема да одбранат дипломска работа до овој датум, треба да ја презапишат и да запишат административен семестар со уплата од 1000 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 100 ден. на жиро сметката на УКИМ за е-обрасци.
- Наставата почнува на 1.10.2025 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.
Распоред на часови за прв циклус, зимски семестар 2025/2026 година;
Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2025/2026 година;
Календарот на активности и неработни денови во 2025/2026 година;
