Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2024/2025 ГОДИНА

Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 10-20.септември 2024.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на зимски семестар, во учебната 2024/2025 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 25.9.2024 до 1.10.2024 од 10,00 до 13,00 часот и тоа по следниот распоред:

  1. септември – геотехничко инженерство
  2. септември – прв семестар, по втор пат, прв циклус, градежништво
  3. 27. септември – трет семестар, прв циклус, градежништво
  4. 30. септември – петти семестар, прв циклус, градежништво
  5. oктомври – геодезија

Потребни документи и уплати:

  • Индекс;
  • ВОИ 20 ОБРАЗЕЦ – од скриптара, пополнет, за завод за статистика;
  • Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
  • Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во зимски семстар (пополнети со основните податоци, кои важат за наредните 3 сесии);
  • Уплатена партиципација од 6.200/12.400 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205/410 ден)
  • Уплата за материјални трошоци и осигурување од 1850 ден. на жиро сметката на факултетот
  • Уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Градежен факултет – Скопје), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
  • Уплатени 150 ден. за ел. образец за заверка за летен семестар 23/24 година и обрасци за запишување и заверка на зимски семеста 24/25 година на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.

Плаќање на рати е дозволено за вкупна сума над 10000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 ноември 2024 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите, со уплата од 100 денари, по молба, во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

  • Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.) според член 323 од Статутор на УКИМ
  • Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 31 октомври 2024 год. Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да ја презапишат дипломската работа и да запишат административен семестар со уплата од 1000 ден. на жиро сметката на Градежен факултет и 150 ден. на жиро сметката на УКИМ за ел. обрасци.
  • Наставата почнува на 1.10.2024 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.

Распоред на часови за прв циклус, зимски семестар 2024/2025;

Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2024/2025;

Календарот на активности и неработни денови во 2024/2025 година;

Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;