Соопштенија

Инфо за бруцоши

Почитувани новозапишани студенти,
Почетокот на новата учебна година е пред нас.
Ве потсетуваме дека Првиот академски час за сите новозапишани студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе се одржи утре 1.10.2024 (вторник) на платото на УКИМ од 10.00 до 12.00 часот.
Првиот академски час за студентите на Градежниот факултет ќе се одржи на 3.10.2024 година (четврток) со почеток во 18.00 часот во големата сала на Македонската филхармонија, во рамки на свечената академија организирана по повод одбележувањето на јубилејот 75 години Градежен факултет.
Воедно, Ве информираме дека наставата на прв и втор циклус студии во летниот семестар на Градежниот факултет Скопје ќе започне на 7.10.2024 (понеделник), и истата е предвидено да заврши на 16.1.2025 година (петок). Распоредот на часови е објавен на веб страната на факултетот.
Со желби за плодна академска кариера, Ви посакуваме успешен почеток на студиите.