Соопштенија

Соопштение за самоевалуација

Почитувани студенти на прв и втор циклус на студии,

Се надевам дека успешно ги завршивте обврските во претходниот семестар, кој со оглед на моменталната состојба со глобалната пандемија, се реализираше хибридно преку средства за електронска комуникација и полагање на колоквиуми или испити на некој од предметите со физичко присуство. Во тек е испитната сесија, но пред да го запишете наредниот семестар, потребно е Вие да ги оцените предметите, професорите и асистентите од претходниот семестар, од оваа година за прв пат и на втор циклус на студии.

Вообичаено, пред почетокот на секој нареден семестар, од страна на студентите се пополнува анкета за секој предметен наставник и асистент по секој од предметите кои студентот ги слушал во семестарот. Студентската анкета има за цел да даде реална престава за нивото и квалитетот на реализирање на предавањата и вежбите, расположлива литература, како и достапноста, односот, одговорноста, капацитетот и квалитетот на наставниот и соработничкиот кадар. Освен оценување на наставниот кадар и асистентите, имате можност да напишете и конструктивни коментари за подобрување на целокупниот процес на одвивање на наставата.

Со оглед на тоа дека изминатите семестри се забележани голем број на повеќекратно искористени кодови, во соработка со Студентскиот парламент на Градежен факултет-Скопје, го променивме начинот на доставување на бар кодовите. Бар кодовите во pdf формат ќе ги испратите на e-mail до кој има пристап само Претседателот на СПГФ, кој потоа сите заедно ќе ги испрати до Претседателот на Комисијата за самоевалуација на ГФ. Важно е да се напомене дека на тој начин ќе се зачува анонимноста на анкетата, бидејќи СПГФ не располага со читач на бар кодови со кој би се евидентирало кој студент што одговорил, а од друга страна ние како комисија нема да располагаме со бројот на индекс, туку само со бар кодовите. По завршување на рокот за спроведување на анкетата, СПГФ ќе достави список со студенти до студентска служба, кои доставиле важечки бар кодови, и само тие студенти ќе имаат право на заверка на претходниот и запишување на наредниот семестар. Постапката и рокот се дадени на следната страна.
Претседател на Комисија за самоевалуација на Градежен факултет – Скопје

Вонр. проф. д-р Дарко Наков

 

 

Студентска анкета за летен семестар 2021/2022 се спроведува од 21 јуни до 1 јули 2022 година.

 

Постапка:

  1. Логирај се на http://anketa.gf.ukim.edu.mk/и спроведи ја анкетата за предметите кои ги имаш слушано од летниот семестар 2021/22.
  2. На истата веб страна, пред анкетата, Ви е поставено кратко 3 минутно видео упатство, за студентите кои прв пат ја пополнуваат.
  3. Добиениотбар код во pdf формат, испрати го на следниот e-mail: anketa@gf.ukim.edu.mk со назив на пораката (впишана во Subject): 1ц_6893_ГР_3сем, со следното значење                                      (циклус на студии 1ц или 2ц, вашиот бр.на индекс_студиска програма ГР, ГД или ГТ за 1ц, ГР-К, ГР-Х, ГР-ТИ, ГД, ГТ за 2ц_ семестар кој се анкетира). Името на pdf фајлот треба да биде без број на индекс, односно само на пр. ГР_3сем.
  4. Доколку студентот преслушува предмет од претходен семестар, доставува бар код и за тој семестар.
  5. При запишување на семестарот на шалтер, студентска служба ќе има список со студенти кои доставиле важечки бар код и само тие студенти ќе можат да запишат нареден семестар.

Анкетата е задолжителна за секој студент на прв и втор циклус на студии.