Соопштенија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАВЕРКА НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР НА I ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО 2023/2024 ГОДИНА

Запишувањето на зимскиот семестар во iknow системот е задолжително пред да ги донесете документи на шалтерите на студентскиот оддел во период 15-25.септември 2023.

За студентите на прв циклус на студии на Градежниот факултет во Скопје, од сите студиски програми, запишувањето на зимски семестар, во учебната 2023/2024 година, на шалтерите на студентскиот оддел ќе се врши во период од 26.9.2023 до 29.9.2023 од 10,00 до 13,00 часот и тоа по следниот распоред:

  1. септември – геотехничко инженерство
  2. септември – прв семестар, по втор пат, прв циклус, градежништво и геодезија
  3. септември – трет семестар, прв циклус, градежништво и геодезија
  4. септември – петти семестар, прв циклус, градежништво и геодезија

Напомена: документите можете да ги оставите во соодветната кутија според студиската програма или да почекате на шалтер да биде повикан вашиот број (еден студент, еден индекс, еден број)

Потребни документи и уплати:

  • Индекс;
  • Образец за запишување на семестарот (се пополнува со предметите од зимски семестар)
  • Образец за заверка на семестарот (се пополнува со предметите од летен семестар);
  • ВОИ 20 ОБРАЗЕЦ – пополнет, за завод за статистика;
  • Интерен формулар за запишување на семестарот од кој се запишуваат предметите во индексот и во формуларот за запишување на семестар;
  • Пријави за испити во хартиена форма за сите предмети кои ги запишувате во зимски семстар (пополнети со основните податоци, кои важат за наредните 3 сесии);
  • Уплатена партиципација од 6.200/12.400 ден. за семестар за студентите во државна квота или според бројот на запишани кредити (1 кредит = 205/410 ден)
  • Уплатена казна од 620 ден. за секој предмет кој се презапишува по втор и повеќе пати, за студентите во државна квота и во квота со кофинансирање;
  • Уплата за материјални трошоци и осигурување од 1850 ден. на жиро сметката на факултетот
  • Уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Градежен факултет – Скопје), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.

Плаќање на рати е дозволено за вкупна сума над 10000 денари, и тоа на две рати, при што првата рата се плаќа при запишувањето, а втората до 15 ноември 2023 г. Студентот поднесува и архивски заверена молба во прилог на документите во која ја наведува причината за плаќањето на рати, и вкупната сума.

Калкулатор на кредити

УПЛАТИТЕ СЕ ВРШАТ НА ОБРАЗЕЦ ПП-50
НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: БУЏЕТ НА РСМ – ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
БАНКА НА ПРИМАЧОТ: НБРСМ
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА: 1000000000 630 95
СМЕТКА НА БУЏЕТСКИ КОРИСНИК: 1600104219 788 15
ПРИХОДНА ШИФРА: 723012 41 ЗА ПАРТИЦИПАЦИЈА
ПРИХОДНА ШИФРА: 723019 41 ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЛАЌАЊА

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ!!

  • Студентите кои запишуваат предмет по трет пат, преминуваат од државна квота во квота со кофинансирање (партиципација 12400 ден, односно цена на 1 кредит 410 д.) според член 323 од Статутор на УКИМ
  • Студентите кои изработуваат дипломска работа не запишуваат семестар, ако ја одбранат најдоцна до 31 октомври 2023 год., но потребно е да донесат образец за заверка на летниот семестар 2022/2023 година. Студентите кои нема да одбранат дипломска до овој датум, треба да го запишат семестарот само со кредитите од дипломската работа и обрасци за запишување/заверување на семестар.
  • Студентите чија студиска програма гасне со Одлуките донесени од страна на факултет, потребно е да се обратат со молбено барање до продекан за настава за трансфер и еквиваленција со уплата од 1220 ден.
  • Наставата почнува на 2.10.2023 година според распоредот на часови истакнат на web страната на гф.

Распоред на часови за прв циклус, зимски семестар 2023/2024;

Покриеност настава за зимски и летен за прв циклус на студии 2023/2024;

Одлуки за гаснење на студиски програми;

Календарот на активности и неработни денови во 2023/2024 година;

Правилник за студирање на прв и втор циклус на студии;