ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) – Оглас за работна позиција: Градежен техничар

ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и други ДОО (ГЕИНГ) е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на геотехниката, хидротехниката, енергетиката, рударството, патната инфраструктура и заштитата на животната средина. Поради зголемен обем на работа Друштвото за градежништво, промет и услуги ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО Скопје има потреба од вработување на:

Оглас за работна позиција: Градежен техничар

Минимум потребни квалификации:

  • ССП – Градежна насока
  • Без или со работно искуство за лабораториски и теренски испитувања
  • Поседување на Б возачка дозвола
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Потребно познавање на MS Office

Работни задачи:

  • Лабораториски и теренски испитувања од областа на геомеханика и бетон

Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на e-mail : kariera@geing.com.mk најдоцна до 08.2019

 

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.