Германска стопанска комора – настан за вмрежување на компаниите со младите професионалци и студентите

Почитувани студенти,

Германската стопанска комора организира настан за вмрежување помеѓу македонски и германски/и останати странски компании, како и поддршка на програми за професионално усовршување на млади лица со цел да стекнат квалитетна пракса/обука и да станат квалитетен кадар за пазарот на трудот.

 

Овој настан е наречен SUBEX – Suppliers Balkan Expo и ќе се одржи на 26 октомври 2023 година од 13:30 до 17:00 часотво Хотел „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.

 

Овој ден ќе биде посветен на поврзување на фирмите со младите, студентите. Тие ќе можат да се информираат какви можности за дообразование постојат, какви квалификации бараат одредени профили, на што треба да посветат поголемо внимание при барањето работа, како и да учествуваат на работилници организирани од Гете Институтот.

 

Делот кој би бил од најголема полза за студентите и младите професионалци е на 26 октомври 2023 г., од 13:30 до 17:00 часот.

 

Пријавата се врши на следниот линк Пријава за Subex

 

Лице за контакт за подетални информации: Марија Томова Спиркоски, 070/306-822