Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписната за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и

критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година (бр. 02-977/4 од 21.9.2021 г.), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

 

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

 

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

 

  1. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестра на прв циклус на студии во учебната 2021/2022 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.

 

  1. За спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Оглас, единиците формираат комисија и најдоцна од 22.9.2021 година објавуваат електронска адреса за аплицирање.

 

  1. Апликантите, најдоцна до 6.10.2021 година до Претседателот на Комисијата во својата единица, на објавената електронска адреса arhivagf@gf.ukim.edu.mk треба да достават пријава во која ќе наведат
    • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии
    • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити

 

Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:

  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка за кандидат и истата се смета како месечен приход
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.

 

  1. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител секоја единица треба да изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година пооделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на единицата најдоцна до 13.10.2021 година.

 

  1. Апликантите имаат оправо на приговор по објавените ранг- листи најдоцна до 20.10.2021 година. Комисијата на единицата ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Дококу се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг-листата. Прворангираните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг-листата на добитници на погодноста за намалување на уписнината за единицата.

 

  1. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2021 година.

 

 

 

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

                        СКОПЈЕ

 

Бр. 02 – 977/4-1

21.9.2021 година

 

Интерен оглас тука.

Електронска адреса за праќање апликации arhivagf@gf.ukim.edu.mk