„Нова програма за обука за млади Македонци во Германија/Северна Рајна-Вестфалија 2022 година – краен рок за аплицирање: 12.09.2021 година“

Почитувани студенти,

 

Во продолжение, во целост Ви го испраќаме дописот од страна на ГИЗ Македонија.

Почитувани дами и господа,

 

ГИЗ Северна Македонија ја идентификуваше Вашата институција како соодветен партнер за споделување на документите и идентификување на потенцијалните млади професионалци од Северна Македонија кои ќе аплицираат за програмата за обука во Германија.

 

ГИЗ ќе ја спроведе оваа програма за професионална квалификација во име на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и Државната канцеларија на Северна Рајна- Вестфалија (НРВ). Главната компонента на оваа програма се имплементира во Германија (НРВ) и решава два големи проблеми во Северна Македонија: невработеност кај младите и недостаток на квалификуван кадар – преку обезбедување специјализирано знаење за младите Македонци во економските сектори ориентирани кон иднината, како и практично искуство.

 

Програмата ќе обезбеди квалификација ориентирана кон практиката за студенти (кои имаат завршено најмалку 5-ти семестар во 02/2022 година), дипломирани студенти од универзитет, практиканти (во последната година на обука), дипломирани студенти од средни технички училишта (колеџи) и млади професионалци (со помалку од 1 година работно искуство) кои сакаат да станат идни професионалци и менаџерски кадар во економските сектори кои се важни за општинските услуги. Идниот професионален фокус на апликантот треба да биде во една од следниве области: циркуларна економија и рециклирање, архитектура и енергетски ефикасна градба, деловна администрација, дигитализација и ИТ, снабдување со енергија и обновливи енергии, управување со животната средина и зелена економија, машинство, урбанистичко планирање, третман на вода и отпадни води и економија.

 

Фазата за аплицирање започна на 01 август и ќе трае до 12 септември 2021 година. Претходно избраните апликанти ќе бидат интервјуирани од претставници на ГИЗ во Скопје на крајот на септември/ почеток на октомври 2021 година. Најдобрите апликанти ќе бидат избрани во потесен избор за квалификациската програма; сепак, тие се уште треба да го поминат усогласувањето со барањата на германските компании/ институции и курс по германски јазик на Гете институтот во Скопје. Програмата за обука ќе се одвива во Северна Рајна- Вестфалија (НРВ) од април до јули (октомври) 2022 година. Повеќе детали за програмата може да се најдат во приложените документи.

 

Ви ги испраќаме соодветните документи на англиски и германски јазик:

  1. Bewerbungsformular Nordmazedonien.docx (апликација на германски јазик)
  2. Application Form North Macedonia.docx (апликација на англиски јазик)
  3. Programmbroschuere Qualifizierung Nordmazedonien.pdf (брошура на германски јазик)
  4. Programme brochure Qualification North Macedonia.pdf (брошура на англиски јазик)
  5. Flayer Qualifizierung Nordmazedonien.pdf (флаер на германски јазик)

6.     Flayer Qualification North Macedonia.pdf (флаер на англиски јазик)

Ве молиме, споделете ги овие документи на вашите страници на социјалните мрежи со предложениот текст (променете го по потреба):

„Нова програма за обука за млади Македонци во Германија/Северна Рајна-Вестфалија 2022 година – краен рок за аплицирање: 12.09.2021 година“ – формулари за информации и апликации погледнете подолу. Доколку сакате да аплицирате, преземете и пополнете го формуларот за апликација и испратете го до 12.09.2021 во посочената адреса.

 

Повикот е објавен на страниците на ГИЗ на социјалните мрежи на следните линкови:

 

https://www.facebook.com/gizskopje/posts/2883138612000503

 

https://www.linkedin.com/feed/update/urn:li:activity:6830463855882199040/