ОДЛУКА за започнување на постапка за избор на декан и формирање изборна комисија

 

 

Врз основа на  член 239 и член  365 од Статутот на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425, 28 јуни 2019), Наставно-научниот совет на  Градежниот факултет во Скопје  во состав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје на 478. седница одржана на  12.07.2019 година,  донесе

 

 

        О Д Л У К А

за  започнување на постапка за избор на  декан и

 формирање изборна комисија

 

  1. Градежниот факултет во Скопје започнува постапка за избор на декан за мандатниот период  од  15.09.2019 до 14.09.2022 година.

 

  1. Пријавувањето на кандидатите започнува  од денот на донесувањето на оваа одлука и трае до 12 август 2019, односно 30 дена од денот на донесувањето на одлуката.

 

  1. За спроведување на постапката за избор на декан на Факултетот, се формира Изборна комисија, во следниот состав:

– проф. д-р Спасен Ѓорѓевски, претседател

– проф. д-р Тони Аранѓеловски, член

– доц. д-р Златко Богдановски, член

 

  1. Пријавените кандидати, преку архивата на Факултетот, до Изборната комисија од точка 3 на оваа одлука, доставуваат пријава и програма за работа  во хартиена и електронска форма, за наведениот  мандатен период.

Изборната комисија ги доставува пријавите и програмите за работа на кандидатите за декан  (електронската верзија) до членовите на Наставно – научниот совет на Градежниот факултет, во рок од  3  дена од денот на нивното поднесување.

 

  1. Наставно – научниот совет на Факултетот, на седница која ќе се одржи во август 2019 година ќе се изјасни за еден од предложените кандидати, со тајно гласање, што ќе го спроведе Изборната комисија од точка 3 на оваа одлука и која ќе ги објави резултатите од гласањето.

 

  1. Одлуката стапува на сила со денот на донесувањето.

 

 

                                                                                                          Декан,

                                                                                      

                                                                                  Проф. д-р Дарко Мославац

 

 

Доставено до:

– ННС

– УКИМ – Ректорат

– Веб страната на Градежен факултет

– Секретар

– Архива

– Огласна табла