Одржливи партнерства за иновации базирани на примена на циркуларните и нано материјали во преработувачката индустрија

 Информација за научно-иструвачкиот проект

 

Одржливи партнерства за иновации базирани на примена на циркуларните и нано материјали во преработувачката индустрија

 

 

На 14-ти Март 2024 година, на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Градежен Факултет Скопје  се одржа kick off meeting за реализација на проектот “Одржливи партнерства за иновации базирани на примена на циркуларните и нано материјали во преработувачката индустрија“.

Проектот е добиен на Јавниот повик за развој и имплементација на иновативни и колаборативни проекти поврзани со специјализација, зелена и дигитална трансформација во областа на преработувачката индустрија согласно Програмата за подршка на конкуретноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност за 2023 година, (Службен весник на Република Северна Македонија бр.83/2023) дел II, област А, Имплементација на индустриска политика, мерка 4, Поттикнување на иновативни и колаборативни пилот проекти поврзани со специјализација, зелена и дигитална трансформација во четворен феликс распишан и финансиран од Министерството за економија на Република Северна Македонија. Времетраење на проектот е 9 (девет) месеци заклучно до 22.09.2024 година.

Во воведниот дел поздравни обраќања одржаа Блерим Златку, државен секретар за индустриска и инвестициска политика и општествена одговорност од Министерството за економија на Република Северна Македонија и проф. д-р Горан Марковски декан на Градежниот факултет во Скопје, кој воедно е и раководител на проектот.

На состанокот присуствуваа и партнерите во проектот: Деловен систем „АДИНГ“ АД за производство и пласман на хемиски материјали за градежништво и инженеринг работи Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Скопје, Градежен Институт „МАКЕДОНИЈА“ АД Скопје, Друштвото на градежните конструктори на Македонија Скопје, Приватна научна установа Институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика Скопје, Друштво за производство, трговија и услуги „АКРОН“ ДОО увоз-извоз Скопје, Гипс и гипсени префабрикати КНАУФ -РАДИКА АД Дебар и надворешен експерт проф. д-р Емилија Фиданчевски од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Технолошко-металуршки факултет Скопје.

На состанокот се дискутираше планот за реализација на програмата за истражување во која ќе треба да се развијат нови цементни производи со карактеристики на автогено самозаздравување на пукнатини кои ќе бидат  ќе бидат дизајнирани во рамки на проектот: Производ 1 – Цементни материјали на база на летачка пепел и адитив (кој ќе се доразвие во тек на проектот) и Производ – 2: Цементни материјали на база на стакло и доломитен остаток. Во цементните производи дел од примарните суровини ќе биде заменет со летачка пепел, стакло и доломитна прашина и на овој начин ќе се допринесе кон зелена транзиција што ќе резултира во намалување на CO2 емисиите, а ќе се добијат производи со автогени самозаздравувачки карактеристики за затварање на пукнатините, подобри механички карактеристики и зголемена трајност.

Веруваме дека резултатите од истражувањето покрај научен ќе имаат и впечатлив практичен придонес.

 

Проф. д-р Тони Аранѓеловски

 

20240314_10083320240314_10152420240314_10152920240314_10201120240314_10202520240314_10263620240314_10293020240314_10371720240314_10402420240314_10454320240314_10512620240314_10581820240314_112827