Работилница „Градиме иднина“

IMG_6140Работилница „Градиме иднина“

На 21-22. Април, 2024 година, во организација на Центарот за кариера на Градежниот факултет, во Конгресниот центар на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Охрид, беше одржана работилницата „Градиме иднина“. На работилницата зедоа учество ученици и еден професор од неколку средни училишта во Скопје, Охрид и Струга. Целта работилницата бешеучениците, преку активностите предвидени со внимателно осмислената агенда, подобро и подетално да се запознаат со градежништвото како струка и наука и Градежниот факултет како институција.

Работилницата се состоеше од 3 главни целини: воведен дел, интерактивен дел и теренски дел. Во воведниот дел, преку кратки презентации беа прикажани сите студиски програми и насоки, како и реални искуства од меѓународната соработка на факултетот на полето на науката и студентската практика. Во овој дел посебно обраќање имаше и претставник на студентите од првиот циклус кои се генерациски најблиски до учениците кои учествуваа на работилницата.

Интерактивниот дел на работилницата се состоеше од кратка обука за едноставен софтвер со кој може да се „проектира“ и тестира мост, кој ученците ги стави во,најблиску што е можно, реална ситуација на градежен инженер. Овој дел имаше и натпреварувачки карактер. Учениците беа поделени во тимови од по двајца ученици кои имаа задача во определен временски рок да направат што поефтин мост. На сите ученици им беа доделени пригодни сертификати.

Теренскиот дел работилницата се состоеше од посета на Хидробиолошкиот институт во Охрид и посета на карактеристични објекти на автопатот Кичево-Охрид. Покрај работните делови, не изостанаа и дружењата и забавата. Реакциите на учесниците беа исклучително позитивни, што нѐ охрабрува и во иднина да организираме вакви настани.

Им благодариме на сите ученици и професори кои учествуваа на нашата работилница.

IMG_6141IMG_6142IMG_6143IMG_6144IMG_6145IMG_6146IMG_6147IMG_6148IMG_6149IMG_6150IMG_6151IMG_6152IMG_6153IMG_6154IMG_6155IMG_6156IMG_6157IMG_6158IMG_6159