КОНКУРС – читална 77

КОНКУРС – читална 77

Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Ве повикува да учествувате на конкурсот за идејно решение за внатрешно уредување на предавална 77 (позната како читална). Предавалната е со димензии 7,5x14m. gf.ukim.edu.mk/мапа-на-факултетот/

Конкурсот е интерен, и на него може да учествуваат само редовни студенти на Градежниот факултет.

Секој студент, самостојно, може  да учествува со едно идејно решение.

Учесниците на конкурсот, треба да достават pdf верзија од идејното решение на следната е-маил адреса: prodekan.nastava@gf.ukim.edu.mk.

Изборот за најдоброто идејно решение ќе го изврши Деканатот на ГФ, а најдобриот предлог ќе биде награден. Краен рок за испраќање на предлозите е 6.5.2020 година (среда).

За било какви дополнителни информации, може да се обратите кај продеканот за настава на е-маил: prodekan.nastava@gf.ukim.edu.mk.

Деканат на ГФ

#остани дома

#биди креативен

#искористиговреметопаметно