V-Tours

V-Tours

Во неодамнешната студија спроведена од Институтот Тренденс од Берлин во 2013 год. се посочува дека повеќе од половина дипломирани студенти во Европа се загрижени за нивните карирери, што како стапка изнесува повеќе од 80% во Грција, Италија, Португалија и Шпанија. Извештајот на Меккинси „Образование до вработување: Воведување на европската младина во работа“ од 2013 год. истакну

Проектот V-TOURS главно е насочен кон студенти од високото образование, дипломирани студенти, баратели на работа, млади и возрасни професионалци заинтересирани за стекнување компетенции кои што ќе го олеснат преминот од образованието кон пазарот на трудот, а како резултат на тоа, ќе ги подобрат нивните можности за вработување.ва дека во Европа 74% од давателите на образовни услуги биле убедени дека нивните дипломци се подготвени за работа, но само 38% од младите и 35% од работодавачите се сложиле со оваа констатација. Недостатокот на разбирање и дијалог помеѓу клучните играчи (образование, млади луѓе и претпријатија) довеле до поинакво сфаќање кое што е многу релевантно: повторно според истражувањето на Меккинси, 27% од работодавачите изјавиле дека имале отворени работни позиции во изминатата година поради тоа што не можеле да најдат работници со соодветни вештини. Ова значи, дека дури и кога биле достапни работни места, младите често не биле соодветни за отворените позиции.

Проектот V-TOURS V–Tours е финансиран од програмата Erasmus+ и ќе биде развиен од седум меѓународни партнери од 4 земји:

  • University of Padova (IT, лидер на проектот),
  • International University of la Rioja (ES),
  • Laurea University of Applied Sciences (FI),
  • Ss. Cyril and Methodius University in Skopje (MK),
  • Fundación Universidad-Empresa (ES),
  • Cramars (IT)
  • Anthea Consulting s.r.l. (IT)

Интернет локации: